Вести

Автоседиште за дете: Што се мора да знаете при купување

Кога купувате детско автоседиште, безбедноста и удобноста на детето се секогаш на прво место. Затоа ова е еден од оние производи на кои никако не се наследува од простарото дете и за кое треба да потрошите некој денар повеќе. На крајот, квалитетните автоседишта ќе му служат на детето повеќе години. Во продолжение Ви подготвивме повеќе информации кои ќе ви го олеснат изборот за правилното FreeOn седиште за вашето дете.

Два стандарди на автоседиште, два начини на избор на големина

Автоседиштето е важен додаток за детето кое мора да ги исполнува европските барања за безбедност и норми. Во широката понуда на автоседишта ќе забележите две различни ознаки ECE R44/04 и ECE R129 или i-Size. Станува збор за два европски стандарди кои потврдуваат дека автоседиштата подлежат на основните барања за безбедност. Кличната разлика меѓу нив е во начинот во одредување на големината на автоседиштето – Стандардот ECE R44/04 ја одредува вкупната тежина на детето, а додека пак за стандардот i-Size standard,важна е висината на детето. Стандардот ECE R44/04 е постар, и се почесто се заменува со нови, i-Size стандарди, кои исро како и постарата верзија подлежат на најновите барања за безбедност, со подобрена заштита за глава и врат, како и подобрена заштита за странични удари.

i-Size автоседиштата во автомобилите се прицврстуваат со isofix системот, директно на каросеријата на автомобилот, што значи поголема безбедност и помалку тешкотии при монтирање на автоседиштето. Поголемиот број на нови автомобили веќе имаат isofix приклучоци. Некои i-Size автоседишта можат да се корситат и во автомобили кои немаат. Она што е различно кај i-Size автоседиштата е тоа што им овозможува на децата да се возат во спротивен правец се до 15 месеци, а додека пак кај R44/04 автоседиштата со 10 месеци или 9 кг.

ECE R44/04 standard

ECE R129 ili i-Size standard

·         Стар стандард

·         Нови автоседишта од 2013

·         Според тежината на детето

·         Според висината на детето

·         Без тестови за странични удари

·         Безбедно, со подобрена заштита во случај на станичен удар, со подобра заштита на врат и глава

·         Поставување со помош на беабедносен појас или isofix

·         Поставување со помош на isofix системот

Која големина на автоседиште да ја одберете?

Ок, сега кога веќе ја знаете разликата меѓу стандардите на автоседиштето, се поставува прашањето која големина да се одбере. Детските автоседишта доаѓаат во 5 групи;

 0, 0+, I, II и III, при што категоријата се одредува според тежината или староста на детето. Во категоријата 0 и 0+ спаѓаат автоседиштата »јајце« кои секогаш се местат во спротивен правец од возењето, а до кога зависи од седиштето кое е одбрано. Многу автоседишта покриваат повеќе групи, така е и со нашите автоседишта FreeON. Пред купување на автоседиште, задолжително измерете ја висината на детето, а старосната група нека ви служи како индикатор. И не заборавајте дека детето мора да употребува детско седиште (или бустер) додека не достигне висина од 150 см.

R44 стандард
тежина
R129 i-Size стандардголемина
Група 0 од 0 до 10 кг

(0-9 месеци)

Фаза I од 0 до 105 см

(0 до 15 месеци, некои и до 4. год)

Група 0+ од 0 до 13 кг

(0-12 месеци)

Група I од 9 до 18 кг

(1-4 год)

 Фаза II  Од 100 до 135 или 130 до 135 см

(од 4 до 11. год)

Група II од 15 до 25 кг

(3-7 год)

Група III од 23 до 36 кг

(6-12 год)

Како да знаеш дали автоседиштето е преголемо или премало?

Дали автоседиштето е преголемо или премало, на брзина можете да проверите по положбата на рамената и главата на детето. Кај автоседиштата од групите 0, 0+ i 0/I главата не смее да излегува од рамката на седиштето и најмногу може да биде до 2 см под горниот раб на седиштето. Кај групите I, II или III седиштето одговара кога главата на детето е сигурно поставена во подрачјето на потпирачот, а појасите се наместени на висина на рамената. Доколку горниот дел на појасот е под рамото на детето, автоседиштето е премало за него.

Дали да се купи автоседиште со или без isofix?

Старите автомобили овозможуваат поставување на децата во безбедносен систем на појаси во 3 точки, при што често се случува автоседиштето да е наместено криво или неприкладно, што значи дека дека безбедноста при незгода или судар, е помала. Новиот isofix систем, пак, е меѓународно стандардизиран систем, кој овозможува, детското автоседиште брзо да се прицврсти, стабилно и директно на каросеријата на автомобилот што влијае на поголема безбедност и потенцијално помалку грешки при местењето на седиштето. Isofix автоседиштата имаат две рачки кои се приклучуваат на копче на задното седиште. Постојат повеќе видови на isofix системи и не е секое автоседиште применливо за секој автомобил, затоа пред да купите, проверете кое автоседиште е вистинското за вас. Isofix автоседиштетпт лесно се приклучува на 2 или 3 точки, некои имаат и дополнителни појаси и потпирачи за нозе.

Уште неколку корисни упатска при купување на автоседиште:

  • Кога купувате автоседиште секогаш проверете дали има потрокалова налепница со ознака Тоа значи дека автоседиштето подлежи на мешународниот безбедносен стандард и има адекватна хомологација.
  • Проверете дали седиштето одговара на вашиот автомобил. Постарите возила овозможуваат поставување на седиштетото во 3 точки, додека кај новите возила проверете дали isofix поставувањето е компатибилно со каросеријата.
  • Кога го местите автоседиштето задолжително водете се по Упатството за инсталација. 2/3 од автоседиштата не се наместени правилно.
  • Не купувајте веќе користено автоседиште! Родителите многу работи „наследуваат“ од други, но автоседиштето е една од оние производи за бебе кое е најдобро да се користи нвоо, причината е во тоа што не можеш да знаеш какви можни оштетувања може да има и што точно се случувало додека се користело, што секогаш влијае на тоа безбедноста да не еиста. Исто така, со текот на годините, одредени материјали ги губат првобитните карактеристики, додека за удобноста е важен и ергонозмскиот облик на седиштето кој со долгогодишно користење се менува.
  • Земете ја во предвид тежината на автоседиштето и практичноста.

Доколку автоседиштето често го селите од еден во друг автомобил, одберете полесно автоседиште. Доколку сакате повеќе практичност, предлагаме автоседиште со ротирачко седиште кое го олеснува ставањето и вадењето на детето од автомобилот.

  • Покрај автоседиште размилете и за купување на додатоци. Еден од овие додатоци е и огледалото за надзор, со помош на кое секогаш детето ќе го имате на око.