Вести

5 корисни совети за олеснување на доењето!

До пред неколку децении кога заменското млеко влезе во игра, мајчиното млеко беше единствен извор кој хранеше генерации деца! Доењето е прекрасно и привилегирано искуство за мајката. Иако на почетокот на доењето не оди се онака како што би сакала, можеме да те утешиме дека не си единствена. Веруваме дека со малку помош и информации ќе успееш сама да ги решиш проблемите, а нашите совети ќе ти помогнат.

  1. Обезбедете си удобност во текот на доењето

Твоето расположение влијае од лактацијата, односно од створањето на млеко во дојките. Двојната количина на окситицин која е неопходна за доење, најмногу се излачува кога сте опуштени, смирени, задоволни и одморени. Искористи го породилното отсуство на најдобар начин и посвети се на своето бебе. Посвети се на запознавање на себе и детето и што е најважно, не дозволувај искуствата на другите мајки да ти создаваат дополнителен стрес. Секое дете е единствено, има свои потреби и свое време за постигнување на развојниот процес. Приуштете си одмор и драгоцена попладневна дремка без грижа на совеста иако тоа ќе значи дека валканите алишта и неизмиените садови ќе мораат да почекаат некој друг ден. Во секој случај започнете да доите опуштено, без брзање и трпение. Да, понекогаш тоа може да потрае, па за поголема удобност, уште во бременоста набавете си перница за доење и употребете ја – ќе ви биде полесно! Чашата вода секогаш нека ви биде на дофат до рака!

 

 

  1. Обиди се со различни положби

Дали веќе ти се има случено да доиш и одеднаш бебето да почне да паѓа на тежина и да ја одбива дојката? Може е време да испробаш некои други положби кои ќе бидат поудобни за двајцата. Еве неколку најчести и најпопуларни начини за мама:

  • Положба на колевка – најтрадиционална е положбата која ја користат многу мајки, Ако детето на пример цица на десната дојка положете ја својата десна рака, глава и грбот на подлактицата, а газето на дланката. Со левата рака можете да ја придржувате дојката. Детето мора со целото тело да биде свртено кон вас (внимавајте на положбата на главчето) ушето на детето, рамо и колкот мораат да бидат на иста рамнина.

  • Превртена колевка – се смета за омилена положба на мајката. За оваа положба одличен избор е перницата за доење, на која детето детето се става напред, пред себе во лежечка положба. Со едната рака го држите бебето, а со другата рака ја допирате дојката.

  • Лежечка положба: положба која вам најмногу ќе ве опушти и е идеална за попладневно хранење, кое воедно ќе биде и ваш одмор. Удобно сместете се во лежечка положба на кревет или готеља, а бебето ставете го на колк, повлечете го накај себе и нежно до дојката.

  • Странична положба – одлична положба за ноќно хранење или ако сте уморни. Легнете на страна и со лактот потпрете си ја главата. Бебето треба да биде свртено кон тебе, на грб или делумно на страна потпрено со перница. Некои бебиња цицаат од дојката на страната од која лежиш.

  • Положба коала: Седнете на подот со свиткани нозе и пред себе ставете го детето на колена. Со раката која е поблиску до детето потпри го детето, а со другата рака држи ја дојката.

  • Положба фудбалска топка – првата положба која ја учат новопечените мајки. Изгледа како бебето да е под пазувата, а впрочем тоа удобно лежи под раката, а со дланката нежно се потпира неговата глава. Ако бебето го држите на десната страна, тогаш нека цица од десната дојка.

  1. Зголемете ја лактацијата односно создавањето на млеко

Равенката за ставарање на повеќе млеко е едноставна – што повеќе доиш, толку повеќе млеко имаш. Често доењето поттикнува производство на нова количина на млеко, па искористете ја секоја прилика да го доите вашето дете. Ако бебето не го пие млекото, обидете се со силиконска брадавица или измолзете се. Таквото млеко можете да го чувате во фрижидер за следен оброк. Лактацијата, исто така може да се поттикне со пиење на повеќе вода или чај за доење. Чајот од анасон и чајот од ким ќе ви помогнат во создавање на млеко. Исто така, квалитетот на млекото се зголемува со топол туш, топли облоги на прстите, масажа на дојките со прсти од работ до брадавиците.

  1. Грижата се себе е исто така грижа и за бебето

Се со што самата се храниш, посредно се храни и твоето дете, затоа јади квалитетна и урамнотежена храна, избегнувај лоши навики и намерно слабеење. Постпородилните килограми не би требало да те загрижуваат, бидејќи само со производството на млеко телото дневно троши 500 калории дневно! Препорачуваме во свето хранење да вклучиш многу овошје и свеж зеленчук, житарици, мешунки и млечни производи. Конзумацијата на храна како овес, моркови, лосос, спанаќ, лук, јачмен, наут, кафеав ориз дополнително ги стимулираат жлездите да произвдеуваат млеко.

  1. Со Close & Free креветчето, станување навечер веќе не е потребно

Будењето навечер и доењето веројатно се едни од најтешките искушенија во родителството. Дури кога ќе станеш родител, почнуваш да го цениш сонот. За жал, твоето бебе не разликува ден и ноќ во првите неколку месеци, а неговото мало желудниче го буди на саат или два. Една од најдобрите работи во фазата на доењето е Close&Free креветчето  кое ќе те поштеди од ноќното шетање, ќе го направи доењето поудобно и детскиот сон побезбеден. Кога бебето ќе почне да плаче навечер, само го повлекуваш креветчето со прсти кон себе, без палење на светло, станување или будење на партнерот. Бебето секогаш ќе биде до тебе и на безбедно во своето креветче, а ти можеш мирно да спиеш.

 

Во секој случај, не се грижете многу за лактацијата ако таа не започне веднаш. За твое подобро искуство за доење подготвивме 13% попуст на перници за доење, детски креветчиња и FreeON детски гнезда помеѓу 19. и 24. мај. Кога нарачуваш производи со вредност над 3.000 денари, ти подаруваме бесплатна достава.