Вести

Разбудете ја имагинацијата и креативноста на децата

Сигурно понекогаш завидувате на безгрижноста на детето и бујната имагинација со која речиси и се е можно. Покрај тоа што има значајно влијание врз креативноста и разбирањето на децата за светот, има и многу други позитивни квалитети за развој и учење. Охрабрете ја имагинацијата и креативноста на децата на креативен начин, а во тоа детските производи на FreeON можат да ви помогнат.

  1. Дозволете вашето дете да игра што е можно повеќе

Покрај задоволувањето на основните физиолошки потреби, детската игра е една од најважните активности за здрав физички и ментален развој на децата. Играта не е само забава, туку и учење, запознавање со светот, стекнување искуство и моторни вештини. Преку игра, тие се развиваат, се релаксираат, ги надминуваат стравовите, ги исправаат грешките, решаваат проблеми, развиваат емоции, учат упорност, да се снаоѓаат во дадените ситуации … оставете го детето да игра што е можно повеќе. Сам, со вас или со неговите врсници.

  1. Раскажувајте им приказни

Алберт Ајнштајн еднаш изјавил дека имагинацијата е поважна од знаењето. Знаењето е ограничено, додека имагинацијата нема граници. Кога му кажувате приказни на детето, во неговата имагинација се создаваат слики и свет во кој се е возможно. Раскажувањето приказни не е само слушање, туку и отворање нови прашања, учење за емоции, проширување на вокабуларот, учење како да се презентира и зборува, толерантно слушање … Затоа ставете ги во мека и удобна фотелја Bubaba од FreeOn, создадете пријатна атмосфера и влезете во светот на имагинацијата и магијата.

  1. Охрабрете ги да играат игри и да менуваат улоги

Можеби звучи исцрпувачки за мало дете, но играњето игри и менувањето улога  со неговата омилена играчка, каде што имитирате гласови и воспоставувате дијалог, е одличен начин за забава и учење. Со играње и менување улоги во раното детство, детето ќе се здобие со клучна способност што ќе му се најде за време на училиште, во различни животни ситуации, на работа – значајно решавање проблеми. Играњето улоги не само што ќе го научи да ги гледа работите од различни агли, туку и ќе му го помогне полесно да ги разбере другите луѓе и нивните гледишта за светот.

  1. Поттикнете ја креативноста

Можеби се согласувате дека ниту една мајка не е среќна кога го гледа своето дете како црта на sидовите или мебелот. Најлошото нешто што можете да направите во оваа ситуација е да се налутите и да му дадете на вашето дете уште поголема желба да продолжи со цртањето по sидовите или мебелот. Тие треба своето внимание и креативност да го насочат кон хартијата или слично. Една од можностите е да се купи FreeON маса со столчиња, за што правило е дека нема правила и дека тие можат да уживаат во сопствените желби – да си играт со пластелин, со боја, да оставаат дамки, да цртаат на масата … Не грижете се, тие се направени од такви материјали што лесно се чистат по завршувањето на играта, а исто така може да уживааат на масата додека го јадат нивниот омилен десерт. И што е најважно, масата е само нивна.

  1. Избегнувајте технолошки уреди

Многу родители се плашат дека на нивните деца ќе им биде здодевно, па затоа сакаат да ги занимаваат во секое време – играчки, цртани филмови, разговор, дури и дигитални уреди. Не плашете се ако вашето дете гледа низ прозорецот затоа што му е здодевно, никогаш не знаете какви неверојатни работи се случуваат во неговата имагинација. Велат дека таа е најдобриот учител за креативноста. Верувајте ни, на децата ретко им е досадно, бидејќи брзо занимација.

Поттикнете ја фантазијата и креативноста на децата со детски маси, детски мебел и удобни фотелји  Bubaba од FreeOn со 13% попуст од 24.08.2021 до 02.09.2021 година.