1.

Дали може еден код за попуст да се користи за повеќе од едно купување?

Еден код за попуст може да се користи само за едно купување. Попусти не се додаваат се додека тоа не е на друг начин регулирано во Условите за користење.

2.

Што да правам ако не сум задоволен од производот?

Доколку не сте задоволни од купениот производ истиот можете да го вратите во рок од 14 дена. Потребно е да испратите емаил на адресата info@freeon.mk, во кој ќе го известите Аполло МК Дооел дека сакате производот да го вратите или замените. Рокот е 14 дена и тој започнува да важи од следниот ден, откако ќе ви биде доставен производот. За да го реализирате ова ваше право, кај продавачот морате да го вратите производот неоштетен, во оргиналната амбалажа со оргиналната сметка или фактура која ви е дадена од страна на Аполло МК Дооел.

3.

Кому да му се обратам доколку ми се потребни дополнителни информации или пак сака да се пожалам за производот?

Во случај да имате поплака или ви се потребни дополнителни информации исконтактирајте не преку емаил на info@freeon.mk или на телефонскиот број +389 2 5214 717.

4.

Кој ќе ми ја достави нарачката?

Нашите производи се доставуваат преку Тотал пост, компанија за достава со која имаме склучено договор. Доставата е рок од 2 до 3 работни доколку производот го имаме на залиха. Доставата ја прави Тотал пост, која го известува примачот за часот на достава. Доставата се врши до адресата која е напишана од страна на купувачот.

5.

Кои се начините на плаќање?

Онлајн продавницата нуди неколку начини на плаќање и тоа:

  • Плакање со дебитна и кредитна картичка преку веб страната
  • Плаќање во готово при испорака

6.

Дали нарачката може да се плати при достава?

Да, сами го бирате начинот на плаќање. Можете плаќањето да го извршите при самата достава. Во тој случај плаќате во готово

7.

Дали е безбедно плаќањето со кредитна или дебитна картичка?

Вебстраната FreeOn.mk користи SSL безбедносен систем за трансферирање на податоци. Корисникот, исто така е одговорен за заштитување на своите лични податоци на начин што неговото корисничко име и пасворд имаат адекватен софтвер за заштитна на нивниот компјутер.

8.

Што да правам ако добијам оштетен производ?

Потрошувачот може да бара дефекти во набавената стока од гаранцијата или од материјалниот дефект во согласност со одредбите од Законот за заштита на потрошувачите (во натамошниот текст КПД).

9.

Што ако не сум дома за време на доставата?

Доколку не сте дома во моментот на испорака, поштенскиот работник ќе ве информира за алтернативната локација за подигање на пакетот на дадениот телефонски број.

10.

Дали можам да нарачам достава на друга адреса?

Доставата ќе биде извршена на адресата која вие ја имате оставено во самиот образец за нарачка кој сте го пополниле. Доколку не сте во можност вие лично да ја подигнете нарачката, известете ја службата за достава кое ќе биде лицето кое ќе ја подигне во ваше име.