Вести

Како да се справите со подготовките за прв одмор со вашето бебе?

Оваа година ве очекува првиот одмор за вас тројца? Може нема да биде спонтано како некогаш, бидејќи одморот со бебе бара малку повеќе организација, планирање и прилагодување. Но, тоа не значи дека мораш да си го скратиш долгоочекуваниот одмор, исполнет со релаксирање и авантури.

 

Тајната е во добрата организација

Бебињата по правило имаат помалку барања од малите деца, па немојте да се плашите од патување со новиот член во семејствот. Меѓутоа, пред да тргнете на годишен одмор, добро размислите што се ви е потребно за патувањето да ви биде удобно и да нема некои изненадувања. Ако патувате со автомобил, прво проверете дали ви одговара големината на автоседиштето (како, прочитајте тука). Без разлика дали ќе летувате во апартман или хотел, транспортното креветче добро ќе ви дојде. Бидејќи е ваше, е и похигиенски, поудобно, а воедно и побезбедно бебето да спие во него додека го припремаш оброкот. А може и да го користиш како игрална кога ти треба момент за себе. Во стан или во хотел добро ќе ви дојде и FreeON Mini, преносната хранилка која лесно и брзо се инсталира и може да се инсталира на секоја столица.

За вечерните прошетки користете компактна спортска количка која лесно се преклопува во мали димензии. Тоа ќе ви заштеди драгоцен простор во багажникот за останатите работи. Погледнете ја понудата на FreeON спортски колички кои ќе ве импресионираат со бројните додатоци кои добро ќе ви дојдат за прошетка во градските улици, шеталиште или паркови! Од издржливи тркала кои добро апсорбираат вибрации, проширено кровче за заштита од сонце до можност за подготвување на торба со намирници за едноставно преносување. Меѓутоа, ако со семејството одите на годишен одмор со авион, се горенаведено нема да можете да го понесете со себе. Во секој случај добро ќе ви дојде практична количка како FreeON Diamond, како и ситници кои на детето ќе му обезбедат чувство на дом и топлина, како омиленото ќебенце или играчка.

Попис на детска опрема која ќе ти биде потребна за првиот одмор: автоседиште, транспортно креветче, преносна хранилка, спортска количка, кенгур, наметка за бањање и можеби лежалка за бебе за дополнителна удобност.

 

 

Кога работите не одат по планот, се создаваат најдобрите спомени

Иако веројатно главата ти е полна со секакви работи, сети се дека одморот започнува во моментот кога ќе тргнете на пат. Не се заморувајте ако се возите час повеќе, ако заглавите во гужва или на го фатите првиот траект. Искористете го времето од патувањето за дружење, запознавање и создавање на незаборавни спомени со семејството. Не дозволувајте поголема сила да ти го уништи расположението и плановите. Со нервоза и негативна енергија, детето ќе си создаде погрешна слика, па патувањата ќе ги поврзува со негативно искуство. Подгответе се на секакви компликации, затоа секогаш при рака имајте ја торбата за пресоблекување, шише со чај, меѓуоброк и прва помош. На детето понудете му различни забавни играчки со кои ќе се забавувате на пат. Можете и да си измислите игри, на пример опишување на тоа што го гледате низ прозорецот или асоцијација. Дури и некоја аудио бајка може добро да ви дојде.

Нека одморот биде време за забава и безгрижност

Кога ќе пристигнете на местото, релаксирајте се и нека мислите ви одлетаат далеку во безгрижноста. Облечете го бикинто, и скокнете во вода! Било каде и да одите со бебето на море или на базен, секогаш добро ќе ви дојде бањарка или пешкир. Не само како мека фротирка за сушење на вашето малечко, туку и како заштита од ладен ветер или висока температура. Погледнете ја нашата понуда од Bubaba by FreeON со слатки мотиви на животни која ќе те воодушеви.

Веројатно веќе знаеш дека не се препорачува користење на креми за сончање за бебе во првата година во животот. Заштитата од сонце е во тоа бебето да биде под сена, со капа на главата, лесна и памучна блуза или UV заштитен костим за капење. Ако морската вода е ладна, дозволете му на малото да се бања и прска во базен наполнет со морска вода. Играта можете да ја зачините со разни играчки, иако за игра поинтересни се шарените каменчиња и школките. Во секој случај, оидете се што повеќе да се опуштите и да уживате на одморот. На крај, сепак заслужи!

Три правила до кои треба да се држите за врме на одморот:

  • никогаш не го испуштајте детето од вид,
  • со бебе секогаш изберете простор под сенка
  • избегнувајте излегување на сонце со детето во најтоплиот дел од денов, помеѓу 12 и 16 часот.

Помеѓу 26. и 31. мај можете да искористите 13% попуст на следните производи кои добро ќе ти дојдат за време на првиот семеен одмор.