Вести

Топ 3 спортски колички по избор на мама

 

 

Сигурно веќе се радувате на првите пролетни прошетки, новите искуства и интересни семејни патувања. Практичната и удобна количка ќе биде неизоставен дел од опремата која не смее да недостига кога ќе ви се придружи најмладиот член на семејството. Во продолжение ви ги претставуваме топ трите FreeON спортски колички по избор на мама.

 

 

1. FreeON Nano, количка за сите временски услови

Спортска количка FreeON Nano е количка која ја посакува секоја мама. Практична е, компактна и квалитетна, а му служи на вашето детето во периодот измеѓу 6 и 36 месеци.

Дизајнираната алуминиумска конструкција истовремено им дава компактност и леснотија, а издржливите PU тркала, кои често се користат за количките, ги пригушуваат вибрациите и го издржуваат секое возење, без оглед на површината. Едноставно и брзо склопување со притискање на едно копче, расклопување со повлекување на конструкцијата, идеално за семејства кои живеат во градот или често одат на одмор со автомобил или авион.

Со FreeON Nano количката собивате и практична торба за спремање и носење. Продолжениот покраив го штити детето во билокое време, од сонце, ветер, снег, а во топлите летни денови страничната мрежа ќе ви овозможи проветрување, како и поглед на детето. Количката може да се пофали со потпирач кој се прилагодува, преден штитник кој се трга, практичен држач за шишенца од страна, рачка од еко кожа и достапност во две бои.

 

2. FreeON Royal, компактна количка за билокој терен

FreeON Royal е спортска количка прикладна за активните родители кои бараат компактна, масивна и стабилна количка за различни терени.направена е од лесен алуминиум со амортизирачки тркала. Едноставна за прошетка по плажа или калдрма во природа. Најголема предност е потпирачот за грб, кој може да се спушти во целосно лежечка положба, па е наменета за деца од раѓање до 3 години.

Едноставното склопување со една рака ги следи барањата на современиот живот и е идеална за родителите на кои едната рака секогаш мора да им е слободна. Продолжениот покрив го чува детето на безбедно од силните сончеви зраци, а по потреба можете и да ја додадете или отстраните безбедносната пречка.

FreeON Royal количките нудат престижен изглед, главно благодарејќи на кралско синото или безвременско сивата боја и рачките кои имаат имитација на кожа. Како дополнителен бонус на количката, тука е и навлаката за нозе, која е одлична за прошетките во ладните денови во текот на годината.

 

 

 

 

3. FreeON Lux Premium, лесна и модерна количка

 

FreeON Lux Premium е најмодерната количка во нашата понуда, која со својот модерен дизајн и функционалност ги следи модните трендови.

Чистите минималистички линии на алуминиумскиот оквир и прават лесно да се маневрира со неа, што може да се искуси со текотна возењето, бидејќи станува збор за подвижна спортска количка, која лесно се управува со една рака. Достапна е во различни бои во комбинација со детали од еко кожа (заштитна огра и рачка) и проширено седиште.

Има потпирач на нозе кој се прилагодува, безбедносен појас во 5 точки и рефлектирачки ознаки на штитникот и покривот, што ја прави безбедна за деца од раѓање до 22 кг тежина.

Кога купувате со детето, ќе ве импресионира практичноста и пространата кошница под седиштето, во долгите прошетки ќе му бидете благодарни на прицврстувачот за шишиња, а во прошетките во сончевите денови тука е продолжениот покрив за заштита на вашето дете од сонцето.

Ако мислењето на другите мамички ве убеди во купување на спортска количка FreeON, искористете го попустот од -13% на сите модели од нашата колекција. Понудата трае од 24.2-1.3.2021.