Вести

Совршено автоседиште за до градинка или излет

Вие сте активно семејство, кое голем дел од времето го поминнува во автомобилот, дневните излегувања или излети? Затоа е важно да го изберете вистинкото автоседиште, кое е квалитетно, безбедно и удобно за вашето дете. Задоволните деца се главното мерило за удобно и мирно патување. Дознај кои карактеристики се важни при купување на автоседиште за кратко или долго возење. Во понудата на автоседишта од FreeON ќе најдете широк асортиман на автоседиште за сите категории, а за полесна одлука погледнете го нашиот каталог.

За долго патување, најважна е удобноста

Во текот на долгото возење, седењто станува заморно и за возрасните,а не само за децата. Затоа е многу важно да се избере добро поставено и квалитетно ергономско автоседиште кое ќе биде максимално удобно за вашето малечко. Исклучително меките навлаки кои му пружаат потпора за полесно да заспие, без главчето да му паѓа нанапред. На пример, FreeON Advance има граница направена од мемориска пена. FreeON Kalisto Premium има на седиштето 3D примерок кој ослободува притисок додека детето седи, обезбедува поголема удобност и ги стимулира сетилата на детето. За постарите и заинтересирани деца, одличен е FreeON Tornado Fix кој има едноставен облик на школка и големо седиште, кое на детето му овозможува во текот на возењето да се движи и активно да го следи окружувањето низ кое поминува во текот на возењето. Освен тоа, многу е важен и изборот на материјал. Вистинскиот избор се материјали кои пропуштаат воздух. Веројатно не сакате вашето дете во текот на возењето постојано да се препотува. Без оглед на удобноста на автоседиштето, наша препорака е сепак од време на време за време на долго возење да застанувате и да ги истегнувате нозете.

За чести возења, одберете го најбезбедното детско седиште

Веројатно веќе знаете дека автоседиштата мора да одговараат на европскиот стандард за безбедности и да имаат ознака ECE R44/04 или ECE R129 тн. i-Size. i-Size автоседиштата важат за најбезбедни бидејќи имаат одлична заштита за глава и врат, а се покажале и како најбезбедни во случај на странични удари. За среќа, поголемиот дел од модерните автоседиште се со ISOFIX или ISOFIT стандардот каде автоседиштето е прицврстено со каросеријата на автомобилот, бидејќи во случај на удар ослодобува многу мала енергија на детето. Исто така, двата состави го намалуваат ризикот од неправилно поставување во автомобилот. ISOFIX се употребува за автоседишта кои спаѓаат во групите 0 и 1, ISOFIT за групите 2 и 3. Без оглед за кое автоседиште се одлучите, обрнете внимание тоа да одговара на горенаведените стандарди и да одговара на висината на вашето дете. Како да си го олесните изборот, прочитајте тука.

Изерете функционални автоседишта за да избегнете несигурност на улица

Кога твојот избор на автоседиште одговара на барањата за безбедност и удобност, можеш да го намалиш изборот кој се темели на функционалноста. Ако ви е потребно автоседиште кое ќе го користите со години, тогаш најдобро е да изберете некое кое припаѓа во различни групи, за да може да расте заедно со детето. Таквите автоседишта најчесто имаат можност за прилагодување на потпирачот на различни висини. Според тоа, посебно добри зделки се автоседиштата кои имаат можност за ротавија од 360° и се преместуваат без да е потребно седиштето да се поместува. Тоа е посебно корисно во неколку прилики, на пример, ако детето заспие во автоседиштето, а вие сакате да го извадите од автомобил без да го разбудите. Исто така, корисно е и ако детето јаде за време на патот или сакате да го забавувате.

 

Го планирате ли веќе вашиот прв одмор ил излет во топлите денови? Во тој случај искористи го попустот од 13% на сите автоседишта и додатоци од FreeON! За удобен одмор и спиење, го проширивме попустот и на Bubaba by FreeON плетенките и гнезда. Побрзај, акцијата трае од 28.4 до 3.5.2021.