Вести

Совети за мирен и удобен сон

 

Сигурно се сеќавате како во детството родителите ви зборувале дека морате да спиете за да пораснете во убава девојка или храбро момче? Спиењето за луѓето е важен процес во кој не се одмара само телото, туку во текот на спиењето се одвиваат многу физиолошки и когнитивни процеси, кои се посебно важни за развој и раст на детето. Прочитајте како да дознаете што се влијае на детскиот сон и како можете да го подобрите.

Што се влијае на детскиот сон?

Веројатно веќе имате искусено што значи непроспиена ноќ и ненаспано дете. Заморот, раздразливоста и плачот најчесто се симптоми на несоница. Секако, постојат и оние денови кога детето од различни причини помалку спие, но ако несоницата се јавува подолг временски период, потребно е да ја пронајдете причината. Меѓу најчестите причини за лош сон е превисоката собна температура, која го прави детето немирно и му е причина за будење. Исто така е важно во собата да биде темно, но не претемно. Најдобро е детето наутро да се разбуди со дневна светлина. На ноќниот сон на детето му влијае и количината и времето на попладневниот одмор. Ако сакате вашето дете да спие во текот на ноќта, одложете ја доцната попладневна дремка и детето ставете го да спие порано приквечерта.  И сами знаете дека е тешко да се запие по тежок и обилен оброк, па исто така, тоа е важно и за детскиот сон, кое време и кои видови на јадења детето да ги конзумира. Покрај тоа, на квалитетот на сонот влијае и употребата на електронски уреди пред спиење, квалитетот на креветот, постелнина…

Трикови за подобрување на детскиот сон

За бебето е најважно, а исто така и за вас, што побрзо да формира ритам на спиење, што значи бебето да се буди и да си легнува од прилика во истата доба на денот. Ако имате проблем со воспоставување на ритам за спиење, некои од нашите предлози можат да ви помогнат. Преку денот обидете се детето што повеќе да го заинтересирате со игра и активности, што ќе го уморат и побрзо ќе заспие. Пред спиење, подгответе му топла купка, која ќе го смири, опушти и заспие. Одберете и квалитетна постелнина изработена од квалитетни материјали кои дишат и кои нема да му прави на детето да се чувствува дека му е претопло, поради што ќе се открива во текот на спиењето. Препорачуваме памучна постелнина FreeON Bubaba, која е достапна со слатки мотиви, бои и повеќеделни сетови. Ако детето во текот на ноќта се открива, решение за мирна ноќ без будење е вреќата за спиење. Вреќите за спиење FreeON се меки и имаат добар проток на воздух, а на детето му пружаат доволно простор  за слободно мрдање во текот на спиењето, и истовремено му прават да се чувствува удобно, загреано, безбедно. Пред спиење детето не смее да гледа на електронски уреди кои емитираат сино светло кое поттикнува будност, за да го заспиете читајте му приказни или пејте му приспивни песнички. Многу деца одат во кревет со својата омилена играчка. Внимавајте таа треба секогаш да му е при рака во креветот, бидејќи му дава сигурност. Исто така, не му давајте тежок оброк пред спиење. Лесната храна како јогурт или банана ќе биде доволна стомачето да остане сито и да нема чувство на глад и да не се буди во текот на ноќта.

Колку би требало децата да спијат?

Колку на детето му треба сон, зависи главно од детето само и неговиот начин на спиење. Некои деца спијат подолго, други на кратки интервали со повеќе будења. Најважно е да се навикне на ритамот на спиење во првите месеци, што ќе го подобри неговото спиење и расположение, а вие ќе можете подобро да се одморите. Бебињата спијат од 15 до 16 часа во првите месеци од животот. Децата од 4 месеци до 1 година обично спијат измеѓу 12 и 16 часа дневно, често тоа спиење се дели на подолг ноќен и еден или двакратки дневни сонови. Децата помеѓу 1 и

2 години спијат измеѓу 11 и 14 часа, обично со еден краток попладневен одмор. Децата од 3 до 5 години спијат од 10 до 13 часа, а некои по 3-та година целосно го исфрлаат попладневниот одмор. Дури по 5-та година децата преминуваат во „нормалните“ 9 до 12 часа сон дневно. Како да знаете дали вашето дете е наспано? Едноставно, ако се разбуди во добро расположение, значи дека сонот и одморот биле сосема доволни.