Вести

Одберете количка која му одговара на вашиот животен стил!

Овие денови на секој чекор можете да сретнете родители кои буткаат детска количка, било низ град, во парк или природа. Секое смејество има свои навики и начин на живот – некои се активни, други повеќе патуваат, трети повеќе си играат. Во зависност од времето кое семејството го трошо на шетање и употреба на детска количката, ги поделивме на 5 категории. Откријте во која категорија припаѓате и која FreeON количка е најсоодветна за вашиот животен стил.

 

Практичари

Тоа е семејство кое го преиспитува секое купување, размислува функционално и делува разионално. Функционалноста им е на прво место и одбираат производи кои се мултифункционални или кои можат да се користат подолг период. На пример, кога купуваат количка, размислуваат за купување на цел комплет, каде во едно купување добиваат автоседиште, количка со длабока кошница и спортски дел на количката. Во случај на хранилка, ја одбираат онаа која служи како висока хранилка, а истовремено се претвара во самостојно столче. Така со едно купување добиваат повеќе различни производи кои служат во повеќе фази од развојот и растењето на детето. Ако сметате дека сте практичар, погледнете ја понудата на FreeON сетови, кои ќе ве фасцинираат со функционалност, изглед и цена.

Викенд шетачи

Можеби возењето на количка не ви е секојдневна обврска на вас? Или сте една од оние мајки кои ја користат количката само кога нивното малечко ќе се умори? Повремените шетачки кои излегуваат со количка само кога времето е убаво се нарекуваат викенд шетачи. Оваа категорија на семејство повеќе би сакале времето да го трошат на други активности, отколку на буткање на количка, и затоа не им е потребна количка која има многу функции. Важно им е да е удобна и да ги задоволуваат основните барања на детето. За повремени прошетки во нашата понуда пребарајте ја компактната количка FreeON City Special или лесната, практична и удобна FreeON Cool.

Активни шетачи

Дали користењето на спортска количка е ваша секојдневна активност со која внимателно ги бележите сите изминати километри, без оглед на времето или годишното време? Секоја чест, вашето семејство припаѓа во категоријата на активни шетачи. На овие типови на семејства им е потребна квалитетна количка која може да издржи на секаков вид на терен во било кое време. Тоа значи дека мора да има конструкција и тркала од квалитетни и компактни материјали, а истовремено лесно да се управува. Се препорачува со дополнителна опрема која добро ќе ви дојде за време на долгите прошетки. Пример, продолжен покрив за сончеви денови, држач за шише, голема кошница за пазарење, навлака за заштита на нозе и уште многу работи… Ако барате таква количка разгледајте ги FreeON Lux и Lux Premium спортски колички.

Истражувачи

Одењето по асфалтирани уллици за вас е монотоно и повеќе сакате со количката да тркнете до најблиската шума, на некоја калдрма и да скратите по некоја козја патека? Сакате ли мир и природа, да ги слушате птиците како пејат и да гледате како вашето дете си игра со лисјата и да се запознава со животните? Ако го потврдувате горенаведеното, тогаш дефинитивно вашата група е истражувачи. Тоа значи дека за вашите излети во природа и истражувањето на природата ви е потребна количка која нуди масивност, стабилност и компактоност да се носи по предизвикувачки терени. Големи тркала кои добро апсорбираат вибрации, лесно совладуваат камења, дупки и земјен пат. Ако барате спортска количка која го има сето ова, разгледајте ја нашата понуда FreeON Royal или FreeON Nano.

 

Патувачи

Не запирате кога патување е во прашање без разлика дали сте со бебе или мали деца? Без проблеми одите на заеднички викенд на плажа или се качите во авион? Дали сте љубопитни, но многу организаирани и барате нови авантури? За вашите авантури да поминат без никаков проблем  потребна ви е количка која лесно се склопува. За патување со автомобил или авион, спортската количка FreeON Diamond е совршениот избор, бидејќи се склопува во мали димензии и чесно можете да ја пријавите како рачен багаж.

Без оглед во која категорија се пронајдовте, пронајдете ја количката која најмногу ви одговоара на вам и вашето дете! За да си олесните со одлуката, погледнете го нашиот нов каталог на колички и не ја пропуштајте оваа сјајна прилика! Помеѓу 12. и 17. мај добивате 13% попуст на сетовите детски колички FreeON и додатоците за нив!