Вести

На што треба да обрнете внимание при купување на спортска количка?

Спортските колички се дизајнирани на тој начин што лесно можете да ги понесете со себе каде и да одите. Во новоот FreeON блогпост прочитајте како да ја изберете вистинската спортска количка

Дали вашето малечко веќе ја дувна својата прва роденденска свеќичка? Ако е така, значи веќе е време за прошетка во новата, спортска количка која на многу мајки има е позната како »чадор« количка. Се прашувате зошто својата количка да ја замените со спортска количка? Затоа што е помала, полесна и попрактична за склопување што е многу важно во периодот во кој вашето малечко почнува да го истражува светот со своите ноџиња. Понудата на модели е многу широка, затоа погледнете ги нашите предлози и обнете внимание на тоа што е важно при купување на спортска количка.

1.Големи или мали тркала?

Спортските колички се познати како колички за возење низ градот или возење по поплочени површини. Секако тоа не значи дека не можете да ја возите по калдрма, шумски патеки или урбани улици. Количките се прилагодливи за повеќето подлоги, зависно од големината на тркалата. Имено, колку се поголеми тркалата, толку полесно количката ги преминува препреките на патот и количката може да се вози на различни површини. Исто така, некоои модели на колички имаат амортизери на тркалата ( како спортската количка FreeON Royal). За често возење по различни терени земете в предвид тркалата да се на надувување бидејќи тие полесно се справуваат со вибрациите. Три или четири тркала? Во принцип не е важно, но имајте на ум дека количката на 3 тркала е полесна за управување, но помалку стабилна од таа на 4 тркала.

2. Начин на склопување, практичност и тежина

Практично и брзо склопување на количката се главен приоритет на родителите при изборот на спортска количка. Имајте на ум дека ако често ја возите количката во автомобилот, одите на излети или пак патувате со авион, многу е важно да имате количка која е компактна и и брзо и лесно и едноставно се склопува и зазема малку простор. Одлична препорака се количките кои можат да или уште подобро, онаа која се собира и пушта само на едно копче (FreeON Nano)!  Замајки кои живеат во високи згради без лифт, многу е важна и тежината на количката. Можете да замислите колку само е напорно да се качувате и симнувтате по скали додека во едната рака носите дете, а во другата тешка количка. Најлесна количка во нашата понуда се FreeON City и FreeON City Special, кои тежат само 5 кг.

3. Управување и функционалност

Управувањето со количката зависи од управувањето со тркалата, ако тркалата се ротирачки тогаш полесно се маневрира со неа. Тоа е најважното за управување со количката со една рака. На тој начин другата рака ќе ви биде слободна за постарото дете, за разговор преку телефон или за држење кафе. Една од најлесните и наједноставни за управување во вашата понуда е FreeON Lux Premium. Иако количките се најчесто во рацете на мајката, понекогаш се случува тие да дојдат и до рацете на тато, баба, тета или може некој друг. За таквите случаи, многу е корисно количката да има можност за подесување на висината на рачката за да се спречат болки во рамената и грбот.

4. Удобност на детето

Секоја година спортските колички ги импресионираат младите мајки со своите облици, функционалности и модни додатоци, но не дозволувајте изгледот да ве излаже. При изборот на спортска количка имате на ум дека прсвенствено удобноста на вашето дете во текот на возењето секогаш треба да биде на прво место. Тоа се оние кои имаат потпирач на подесување, одвоена безбедносна ограда, потпирач за нозе кој се подесува, покрив кој може да се продолжи, како и безбедносен систем во 5 точки.

5. Додатоци за спортска количка

Иако може не се многу важни, додатиците за спортска количка се секогаш добредојдени. Многу колички се опремени со голем број на додатоци, но FreeON количките можат да се пофалат само со практични додатоци. За летно време добро ќе ве послуќи продолжениот кров кој вашето дете ќе го заштити од силните светлосни зраци. Веројатно прошетките понекогаш ви се подолги, поготово за време на целодневен излет каде времето може да се промени неколку пати во текот на денот. Поради тоа изберете количка која е од водоотпорен материјал или има навлака за дожд. Можеме да заклучиме дека во количката никогаш нема доволно место, па од таа причина FreeON количките имаат големи кошници на дното на количката за во нив да можете да сместите дополнителна опрема или торба за купување. Исто така, вашата чаша со кафе »to-go« може да стои во држачот за шишиња.

Што ќе кажете, дали вашето дете е подготвено за откривање на светот? Тргнете во ново авантуристичко возење со удобната и безбедна количка FreeON за која од 14. до 19.4 добивате 13% попуст! Акцијата се однесува и на различни додатоци за количка, чадори, навлаки за дожд и неизоставниот додаток – тетра пелени.