Вести

На »прво« патување со дете во автомобил

Убавото пролетно време ве повикува вам и вашето семејство да ги откриете скриените делови на земјата или да посетите некое интересно туристичко место. По месеци »одмор« дома, за прв пат организирањето на семејно патување може да ви изгледа како за прв пат да патувате, па затоа за вас составивме неколку совети на кои треба да обрнете внимание при планирањето на семејно патување со автомобил.

 

 

Прво патување со автомобил на детето

 

Неодамна стана мајка и патувањата со детето до сега биле само од дома до кај педијатарот и обратно? Ако уште не знаете како вашето дете ќе се однесува на подолги патишта, можеби сега е вистинското време за тоа. Секако, за почеток немојте да одите на предолги дестинации, бидејќи тоа ќе ве исцрпи и вас и детето. Со сигурност автоседиштето, неговата удобност е многу важна кај долгите возења. Тоа мора да биде удобно поставено, а потпирачот за грб и глава да можат да се регулираат во зависност од големината и потребите на детето. Некои автоседишта имаат можност за ротација на 360°, што е соодветно за долгите патувања кога детето може да заспие или да стане гладно. Во тој случај едноставно свртете го автоседиштето целосно со детето за 90°, без да го кревате од седиштето.

 

Прво патување со семејство по долг период

 

Поминаа неколку месеци од последното ваше семејно патување? Прва работа која морате да ја проверите пред патувањето е дали автоседиштето уште одговара на потребите на детето. Децата растат брзо, како црви на дожд и 4 месеци можат да направат голема разлика во сантиметри или тежина, така што седиштето кое сте го користеле минатата година може повеќе да не одговара оваа година. Пред патување, задолжително измерете го вашето дете и проверете дали неговата големина одговара на групата на автоседиштетокое го користите.

Тука можете да прочитате се за автоседишта и нивните групи за големина.

Кои се показателите дека треба да купите ново автоседиште? Ако во групата 0,0+ i 0/I главата на детето е над потпирачот за грб или ако главата е над потпирачот за глава во групите I,II или III, а безбедносниот појас е под неговото рамо, време е за ново седиште.

 

 

 

Како да го изберете вистинското автоседиште?

 

На одбирањето на автоседиште влијаат неколку работи, од големината на детето, до староста на автомобилот, начинот на прицврстување на автоседиштето, времето кое детето ќе го помине во седиштето…

При избирањето, безбедноста и удобноста треба да ви бидат на прво место, а потоа бојата или дугите карактеристики кои ги нудат седиштата. Ако планирате долги патувања со детето, одберете седиште кое е удобно, безбедно и овозможува ротирање на седиштето за 360°.

Ако планирате седиштето да го преместувате од еден во друг автомобил, одберете со Isofix состав за прицврстување, кој е лесен и не дозволува грешки во текот на инсталацијата. Ако не ви е во план да купувате ново автоседиште секој пат кога детето ќе добие повеќе килограми, одберете го она кое расте заедно со детето и ќе ве следи во текот на годините. Изборот главно зависи од вашите потреби, а голем дел од нив ги задоволуваат седиштата на FreeON.

 

И уште неколку совети за незаборавно патување со автомобил…

  • Планирајте го патувањето однапред. Размислете колку долго ќе трае возењето, каде ќе застанете за ручек, колку храна треба да понесете со себе, како ќе го забавувате детето во текот на возењето, што ќе правите ако почне да плаче…
  • Пред патувањето проверете дали автоседиштето одговатра на големината на детето и дали е правилно поставено во автомобилот. За децата чие седиште е поставено во спротивен правец од возењето, задолжително користете огледало за да го имате на око.
  • Забавувајте го детето во текот на возењето со пеење песнички, раскажување на приказни, играње на игра со зборови, учење на сообраќајни знаци…
  • На патувањето секогаш носете куферче за Прва помош и лекови, вода, грицки, играчки и дополнително ќебенце…никогаш не знаете што ќе ви притреба…
  • Во текот на возењето, задолжително направете неколку паузи за да си ги истегнете грбот и нозете. Застанете за ручек или ужина, а можете и да посетите некоја знаменитост по пат.
  • Не заборавајте дека за убаво и забавно возење ви се потребни и додатоци како ролетни, симпатични огледала за надзор или организатор за седиште

 

 

Дали ве импресиониравме со предлогот? Го планирате ли веќе следното патување со автомобил? Барем во мислите? Искористете го попустот од 13% на сите автоседишта на FreeON. Понудата трае од 10.03 до 15.03.2021.