Вести

Кога е вистинското време детето да се пресели во својата соба?

Се подразбира дека во првите месеци сакате детето да биде близу до вас. Гордата и среќна мама не може да се одвои од своето бебе, а од друга страна е полна со грижи и размислување за тоа што прави нејзиното малечко постојано. Месеците поминуваат, бебето мирно спие и расте, а потоа доаѓате до сознанието дека со месеци немате спиено и време е малечкото да се пресели во сопствената соба. Дознајте кога е време да го направите тој чекор и како најдобро да се подготвите за него.

Заедничко спиење на детето со родителите

Спиењето со родителите во првите месеци е практично решение, бидејќи ќе немате потреба да станувате и да одите во друга соба, поготово ако детето често се буди. Спиењето со бебе во спалната е исто така практично поради ноќното доење, затоа што само го доближувате детето до себе, без станување од креветот и вклучување на светлото.

Во секој случај, се препорачува детето да спие во сопствен кревет или close&free кревет, за да го има потребниот простор, мир и безбедност.

Спиењето во ист кревет со родителите, не само што може да доведе до непредвидливи ситуации, како и квалитетот на спиење е многу полош. Месеците поминуваат, бебето во текот на ноќта се помалку се буди и спие како ангел, а вие и понатаму се будите како исплашен зајак, штом детето се помести или издише. Се пронаоѓате во текстот? Тогаш дефинитивно време е детето да се навикне да спие во својата соба? 

Кога да го преселите детето во неговата соба?

Спиењето со родителите е прекрасно, но порано или подоцна може да стане заморно. Сосема е нормално, дури и за возрасната лична да посака малку приватност и време за да стекне квалитетен одмор. Не постои точна линија на раздвојување во која доба детето треба да се пресели во својата соба.

Кога за тоа ќе дојде време, правилно е што побрзо детето да го навикнете на неговиот простор и за полесно и побрзо да ги прифати промените. Некои родители го преместуваат бебето во соба кога го совладаат ритамот на спиење и не се буди често, други го преместуваат кога ќе престанат да го дојат, трети  мислат дека од 4 месец е вистинската добна граница кога бебето треба да почне да спие во својата соба.

Во секој случај, постои заедничко мислење дека детето мора да отиде да спие во сопствена соба до добата пред да почне да оди на училиште, односно до 6 години.

Зошто е добро детето да спие во сопствена соба?

Првата причина дефинитивно е квалитетот на спиење, како кај вас, така и кај бебето. Ако вас ве буди секое мрдање на детето, тогаш вашето дете ќе биде вознемирено со вашето гласно дишење, ноќното одење во тоалет или звукот на будилникот.

Премалку или лошото спиење доведува до многу проблеми, од слабост, раздразливост, емоционални сломови, умор… Спиењето во вашата соба има и многу други влијанија важни за развојот на детето.

Тоа е првиот чекор за независност, кога детето го победува стравот од самотија, а со тоа и „бабарога“ и така стекнува независност и самодоверба.

Детето развива чуство на безбедност, иако родителот не е до него, што е во ред кога детето ќе почне да оди во градинка или подоцна кога ќе тргне на училиште. Ако го навикнете детето на самстојност, нема да имате проблеми кога ќе го испратите на чување кај баба или одвоите вечер за себе.

Како да го навикнете детето да спие во сопствената соба?

Морате да бидете многу внимателни кога го навикнувате детето да спие во сопствена соба, бидејќи промените можат да му остават силни психолошки последици од чувството на несигурност, тегоби, страв од напуштање, раздразливост, па дури и агресија. Ако детето е многу врзано со вас, започнете да го запознавате постепено, со попладневен одмор во неговата соба, со отворена врата, или со ноќна светилка.

Не го заплашувајте или му давајте чувство на осаменост, правете го тоа со мотивација на позитивна поддршка, на пример, прочитајте му приказна пред спиење во неговиот кревет. Со мебелот и детската опрема можете да му направите пријатно катче  кое ќе му се допаѓа, а постарите деца можат да бидат вклучени во постапката за опремување или одбирање на боја, мебел и останати додатоци. Што повеќе време детето поминува во својата соба, тоа повеќе станува негово омилено катче.

Трпението, истрајноста и одлучноста се клучни показатели во поттикнувањето детето самостојно да спие.

Дури и ако дојде детето кај вас и заплаче, не дозволувајте солзите да ве манипулираат, и без зборови и негодувања вратете го во неговата соба и повторѕвајте ја постапката се додека не се навикне. На крај, децата секојдневно ги тестираат нашите граници и тоа сигурно ќе го приметите додека се случува.

 

Дали е време и вие ​​да започнете со опремување на детска соба и сакате да ја уредите на бајковит начин?

Искористете попуст од -13% на детскиот мебел на FreeON! Проверете на FreeON.mk – акцијата трае од 31.3 до 5.4.2021 година.