Вести

Зимски вреќи за топлина како кај малите Ескими

Есента пристигна, а со неа и ниските температури, што може посебно да не изненадат секое утро. За да се шетате цела година, удобно и топло, заштитете го вашето малечко со зимска вреќа за количка, во која ќе изгледа како мало Ескимче.

Дали зимската вреќа ви е навистина потребна?

Зошто ви е потребна зимска вреќа, ако можете детето да го облечете топло и да го покриете со прекривка, е прашањето на многу новопечени мамички? Искусните мајки ќе одговорат дека на детето му е поудобно во зимска вреќа, а ним попрактично.

Замислете само како би се чувствувале кога би требало да облечете хулахопки, пантолони, боди, јакна, бунда или комбилизон, и на крај да се покриете со ќебе…

Зимската вреќа е една од најкорисните додатоци за колички во ладните денови во годината, а на вашето дете му овозможуваат удобност и топлина без дополнителни слоеви на облека, што вам ќе ви заштеди нерви и време.

Повеќе од удобност и топлина

Освен што  на детето му овозможува удобност и топлина, прошетката во зимска вреќа е практична и за вас. Детето не треба да го облакате во повеќе слоеви облека, помалку време ќе потрошите на повивање и пресоблекување. Со неа можете да заборавите и на поправање и заглавување на ќебето да не паѓа, бидејќи со зимската вреќа тоа нема да ви биде потребно, затоа што детето во вреќа и не може да се открие. Ако на вашето бебе му е претопло во вреќата, треба само малку да го откопчате страничниот патент.

Зимските вреќи  на FreeOn, исто така го штитат вашето дете од дожд и ветер, а таа може да се користи во колички, автоседишта, кошници.

FreeOn – средна на функционалност и модни тренови

При купување на зимска вреќа, најпрво треба да го разгледате прилагодувањето на зимската вреќа за количка, големината на бебето и видот на материјал, модел и боја.

Зимските вреќи FreeON се универзални и одговараат на секој вид на детска количка, кошница или автоседиште бидејќи лесно се прилагодуваат на големината поради двата патенти за појаси.

Внатрешниот дел е од топло руно, а однадвор е од органски бионички материјал кој штити од дожд и ветер. Вреќата се отвара по целата должина поради страничниот патент, што овозможува полесен пристап до бебето, како и полесно закопчување и откопчување додека бебето е цело време покриено. Освен  функционалноста, зимските вреќи се и тренди. Вештачкото крзно на капата ја штити и грее главата на детето, а на вреќата и дава модерен изглед. Крзното по желба може и да се извади.