Вести

Дали си подготвена за доаѓањето на новороденчето?

Се започна во чувство дека нешто во твоето тело се случува. Следуваше потврда дека во тебе расте ново суштество, а на моменти се појавија возбудливи чувсрва, хормонални пореметувања кои за брзо се претвроаат во среќа и необјаснив плач, проблеми со бременост, радост при купување за бебето, грижа за финансии… А, сега, пред тебе е моментот за запознавање на малото чудо кое си го носела под срцето последните неколку месеци. Дали си подготовена за доаѓањето на своето бебе?

 

Се започнува со две црти…

Се сеќаваш ли на моментот кога дозна дека носиш дете? А потоа на првиот преглед кај гинекологот, моќниот звук на малото срце на ултразвук, откривањето на полот, чувството од неговите мрдања и удари, па среќното откривање на бременоста пред семејството, како и нешто помалку омилените моменти на утрински мачнини, непроспиените ночи и гриќи за малиот „пакет“… Бременоста е прекрасно патување, полно со емоции, очекување, сознавање и радост. Сега се приближуваш кон крајот на 9-от месец, големината на стомакот го достигнува врвот, твојот сон е се пократок, а исчекувањата за доаѓањето на твоето сонце се поголеми.

 

Подготовка за доаѓање на бебето

Едно од најубавите искуства во бременоста е планирањето на шопинг за бебето. Купувањето на опрема и прибор, уредување и опремување на детската соба, купувањето на прва облека и сонувањето на тоа како детето ќе изгледа. Пред раѓањето задолжително погрижете се детската опрема како подлогата за пресоблекуваење, креветчето, автоседиштето и слично. Во текот на бременоста можете да купите и некои на изглед важен дел од опремата, но тие можат да бидат од голема помош и за ублажување на бременоста. Една од нив е дефинитвно и перницата за доење кој ќе ти овозможи удобен и квалитетен сон, додека твојот стомак ќе станува се поголем, а ударите и мрдањето на детето се поинтензивни. Наместо перницата за доење, можеш да употребуваш и оградица за креветче во облик на плетенка која кога малото ќе порасне може да биде декорација на креветот во детската соба.

Немајте грижа на совеста ако во текот на бременоста имате потреба од одмор или дремка неколку пати во денот. Исто така, не очајувај ако мрзеливо се умоташ во меко ќебе пред телевизорот или ако изедеш цело чоколадо. Прифати ја помошта и разгалувањето од најмилите. Забавата започнува кога бебето ќе дојде на свет!

 

Уште неколку дена до пораѓање

 Твојата трудничка торба е веќе подготвена и гордо стои на место и го чека големиот ден – заминување во родилиштето и доаѓањето на новиот член. Исчекувањето е се поголемо….

Веруваме дека бременоста за тебе била прекрасно искуство и дека родителството ќе биде само надградување на овие прекрасни мигови полни со љубов.

 

Нашите FreeON производи, исто така, би требало да ти се од помош во следните месеци и години. Ти посакуваме прекрасно родителство. Ако во текот на читањето примети дека нешто ти недостига – тоа е сигурно удобноста додека седиш или лежиш.

Искористи го попустот од 13% на FreeON перници за доење кои ќе ти бидат од голема помош за време на бременоста, како и гнезда и плетенки за удобност на твоето бебе (акцијата трае од 23. до  29. март).

Не пропуштај! 25. Март искористи го кодот MAMA15. Доделуваме 15% попуст на производи по избор.