Вести

Дали ви e потребно транспортно креветче?

Промената на околината може да предизвика стрес што влијае на благосостојбата и спиењето на вашето дете, па затоа е добра идеја да имате нешто од дома што му е добро познато на вашето дете. Тоа е можно со транспортното креветче кое ќе биде безбедно засолниште за детето, а со тоа мирниот и квалитетен сон ќе се одрази на благосостојбата и волјата на најмалите.  А, задоволно малечко е клучот за пријатен семеен одмор.

Кога транспортното креветче е неопходно?

Многу мајки се прашуваат дали навистина им треба транспортно  креветче покрај целата бебешка опрема. Самите би рекле да, бидејќи се незаменливи во ситуации кога спиеме надвор од дома со детето. Ова е најчесто на одмор или на гости, а транспортното креветче е исто така погодно ако вашето дете е често кај баба и дедо.

Може да послужи како едноставно решение кое по потреба може да се монтира и расклопи, а детето да спие во познато и безбедно опкружување. Тие се користат од раѓање, додека родителите не одлучат дека повеќе не им треба на децата.

Иако транспортните креветчиња во основа се користат за удобно и безбедно спиење на мало дете, тие можат да се користат и како игрални или како безбедно место за играње. Ова е особено практично кога се наоѓате во друга средина која ниту вие ниту вашето дете не ја познавате добро, а неговата љубопитност би можела брзо да го поттикне да ја истражува. Додека подготвувате оброк или правите други работи, вашето дете може безгрижно да игра во безбедното засолниште на креветчето.

Со транспортно креветче без грижи за вашите патувања и одмори

Транспортните креветчиња FreeON Love се дизајнирани да им овозможат на децата да спијат удобно, мирно и безбедно, без оглед на локацијата. Мрежестите страни обезбедуваат правилен проток на воздух и ви даваат јасен преглед на активностите на вашето дете. Колку и да е вашето дете живо, нема да може да излезе од него или да го преврти.

Примарно транспортните креветчиња беа дизајнирани за употреба во движење, така што тие се лесни и брзи за поставување и преклопување, а преклопените не заземаат многу простор, што е многу битно додека патувате. За полесно носење во автомобил или друго возило, преносното креветче се чува во удобна и практична торба.

Некои транспортни кревети се дополнително опремени со подлога за пресоблекување што може да се монтира на креветчето. Токму тоа го дозволува преносливиот кревет FreeON Safari со двојно дно, кој покрај душекот за пресоблекување вклучува и лак со играчки, а патентот на страна му овозможува на детето слободно да влегува и излегува од креветчето.

Решение за сите мајки кои се уште дојат

За најмладите кои сè уште дојат и имаат потреба од вашата блискост, има и транспортни креветчиња со лизгачка страна, која се поставува веднаш до брачниот кревет и служи како „привремен“ кревет. Така сите ќе бидат посмирени, без разлика во каква нова средина се наоѓаат во моментот.

Пренослив душек за креветче

Доколку одите на одмор во апартман или хотел, а веќе имате транспортен кревет, добро е да земете душек од хигиенски причини, пред се затоа што не можете да знаете за удобноста на креветот. Душек за креветче е задолжителен за сите мали деца кои сè уште користат пелени и за оние кои имаат проблеми со кожата.

Душекот е компатибилен со транспортни креветчиња со стандардни димензии од 120 × 60 cm, а навлаката е изработена од квалитетна ткаенина од микрофибер, покриена со полиуретанска обвивка, што го прави водоотпорен и непропустлив за течности. Подлогата е пријатна на допир и безбедна за нежна кожа. Може да се пере и во машина за перење после секоја употреба. Амбалажата на основата е погодна и за патување, бидејќи се витка во ролна која зафаќа малку простор.