Со веста дека сте бремени, вашиот живот почнува да се менува на некој чуден начин. Потоа следуваат девет месеци „гнездење“ додека се подготвувате за доаѓањето на вашето бебе, а кога ќе пристигне денот Д, ништо не е како порано. Родителството не е само најважната, туку и најпредизвикувачката улога, и како и се во животот, се состои од многу подеми и падови. Мајките со бебиња немаат време да размислуваат и многу ја ценат практичноста во тој период. Затоа, производите за бебиња FreeON честопати се нивниот прв избор, што го прави родителството удобно и безгрижно, а бебињата задоволни, смирени и среќни.
Кога ќе се појават две цртички …
Дали се сеќавате на моментот кога дознавте дека во вас расте нов живот? Дали бевте еден од оние кои имаа чудно чувство што ви навестува дека нешто се случува, но сепак вестите ве погодија како молња од ведро небо? Планирано или не, во тој момент сте опкружени со бура од секакви мешани чувства. Еден момент скокаш од радост и плачеш од среќа, а следниот ги грицкаш ноктите и ја полниш главата со список на се што ти треба. Секоја жена ја доживува бременоста на свој начин и нема ништо лошо во тоа што понекогаш се чувствува депресивно, вознемирено или несигурно. Во денешно време, бремените жени и мајки се премногу оптоварени со факто