За нас

FreeON е европски бренд кој нуди широк спектар на бебешка и детска опрема. Повеќе од 10 години, нашите производи се дел од животите на многу родители. Нудиме производи кои се модерни и тренди, но ги рефлектираат потребните вредности – квалитет, висока функционалност, безбедност и естетика.

Наша мисија

Од самиот почеток нашата мисија е да им обезбедиме на родителите детска и бешека опрема кои ќе бидат пријателски настроени кон околината. Како што се менуваат модните трендови, така се менува и дизајнот на нашите производи, но секогаш е задржан квалитетот, високатата функционалност и безбедноста.

Наша визија

Наша цел е да градиме долготраен однос со постојните потрошувачи, како и да го прошириме нашиот бренд кај идните корисници на новите европски пазари. Ние ќе продолжиме да ги следиме трендовите на родителството и да се стремиме да понудиме производи кои ги исполнуваат очекувањата на секој модерен родител.

Наша визија

Нашите линии на производи вклучуваат улица, автомобил, дома и спиење.

Уличната линија вклучува широк спектар на колички за бебиња со различни димензии и функционалности. Дали е вашето малечко подготвено да го види светот? Откријте го заедно со нашите безбедни и удобни колички!

Во нашата автомобилска линија, ќе најдете широк спектар на детски автомобилски седишта. Идеална можност да најдете удобно седиште за вашето дете што ќе му овозможи безбедно возење и безгрижни набљудувања на околината додека возите.

Со домашната линија, можете да создадете прекрасна и безбедна семејна средина во вашиот дом. Изберете помеѓу разновидниот асортиман на опрема за бебиња, мебел, украси и производи за нега на бебиња.

Линијата за спиење вклучува сè што им е потрбно на мајките, бебињата и децата за удобен и безгрижен одмор. Убавите постелнини, меките чаршафи и пријатните ќебиња ќе ја збогатат просторијата на секое дете! Мајките ќе уживаат во удобни и модерни перници за спиење, како и прекрасни перници за доење.

freeon web street 1
freeon web car 1
freeon web home 1
freeon web street 1